Mk:WikiProject Macedonia/Macedonian roads tagging

From OpenStreetMap Wiki
Jump to: navigation, search
Достапни јазици — Macedonian roads tagging
· Afrikaans · Alemannisch · aragonés · asturianu · azərbaycanca · Bahasa Indonesia · Bahasa Melayu · Bân-lâm-gú · Basa Jawa · Baso Minangkabau · bosanski · brezhoneg · català · čeština · dansk · Deutsch · eesti · English · español · Esperanto · estremeñu · euskara · français · Frysk · Gaeilge · Gàidhlig · galego · Hausa · hrvatski · Igbo · interlingua · Interlingue · isiXhosa · isiZulu · íslenska · italiano · Kiswahili · Kreyòl ayisyen · kréyòl gwadloupéyen · Kurdî · latviešu · Lëtzebuergesch · lietuvių · magyar · Malagasy · Malti · Nederlands · Nedersaksies · norsk bokmål · norsk nynorsk · occitan · Oromoo · oʻzbekcha/ўзбекча · Plattdüütsch · polski · português · português do Brasil · română · shqip · slovenčina · slovenščina · Soomaaliga · suomi · svenska · Tiếng Việt · Türkçe · Vahcuengh · vèneto · Wolof · Yorùbá · Zazaki · српски / srpski · беларуская · български · қазақша · македонски · монгол · русский · тоҷикӣ · українська · Ελληνικά · Հայերեն · ქართული · नेपाली · मराठी · हिन्दी · অসমীয়া · বাংলা · ਪੰਜਾਬੀ · ગુજરાતી · ଓଡ଼ିଆ · தமிழ் · తెలుగు · ಕನ್ನಡ · മലയാളം · සිංහල · ไทย · မြန်မာဘာသာ · ລາວ · ភាសាខ្មែរ · ⵜⴰⵎⴰⵣⵉⵖⵜ · አማርኛ · 한국어 · 日本語 · 中文(简体)‎ · 吴语 · 粵語 · 中文(繁體)‎ · ייִדיש · עברית · اردو · العربية · پښتو · سنڌي · فارسی · ދިވެހިބަސް

Категоризацијата на патиштата во Република Македонија е регулирана со Законот за Јавни Патишта [1] во кој е направена класаификација на патиштата во однос на нивната важност, а за автопатите и експресните патишта се предвидени критериуми кои патиштата треба да ги задоволат за да бидат категоризирани како такви.

Според препораките за означување на highway=* само при означување на highway=motorway би требало да се води сметка патот да задоволува некој физики критеруми, додека за сите друи патишта побитна е важност на патот отколку неговите физички карактеристики. Бидеејќи ние освен за автопатиштата имаме законска рамка и за експресен патишта, кој обично се мапира како highway=trunk, при мапирањето на експресните патишта и тие ќе мора да задоволуваат одредени физички карактеристики предвидени со закон. Сите други патишта без разлика дали се асфалтирани, земјени, широки или тесни, дали поврзуваат градови или пак само села ќе бидат мапирани према нивната важност. Физичките карактеристики на овие патишта ќе бидат дефинирани со дополнителни параметри како surface=*, width=* или сл.

Во груби црти предложеното решение за мапирање на патиштата во Македонија, надвор од населени места водејќи сметка за нивната важност би бил следниот:

highway=motorway - Автоопати кои имаат физички разделени патишта во двата правци и најмалку по две ленти за возење и плус една лента за застанување или пак со закон и соодветен сообраќаен знак се дефинирани како автопат.
highway=trunk - Експресни патишта кои имаат имаат најмалку една лента за возење и една за застанување во едне правец или пак со закон и соодветен сообраќаен знак се дефинирани како експресен пат. Патиштата во различни правци немора физички да бидат раздвоени.
highway=primary - Магистрални државни патишта од од А категорија кои не се ниту автопaт ниту експресен пат

highway=secondary - Регионални патишта од прва категорија со ознака R1***
highway=tertiary - Регионални патишта од втора и трета категорија со ознака R2*** R29***
highway=unclassified - Локални патишта под надлежност на општините

Надвор од населени места

Type
(Macedonian Name)
Keys Description Links Map view
Автопат
highway=motorway
lanes=x
oneway=yes
ref=Ax
int_ref=Exx
Автопат е пат специјално проектиран и изграден само за сообраќај на моторни возила, означен со пропишан сообраќаен знак, со физички раздвоени коловози по насоки, кој има по најмалку две ленти за сообраќај и по една лента за принудно застанување во двете насоки. Не треба да се вкрстува со други патишта или железнички пруги а пристапот до него од јавните патишта е преку посебно изградени приклучоци. Автопатот треба да биде заштитен за пристап од надвор. Rendering-highway motorway neutral.png
Приклучок кон автопат highway=motorway_link
lanes=x
oneway=yes
ref=Ax
int_ref=Exx
Rendering-highway motorway link.png
Експресен пат highway=trunk
lanes=x
oneway=yes/no
ref=Ax
int_ref=Exx
Експресен пат е пат специјално проектиран и изграден само за сообраќај на моторни возила, означен со пропишан сообраќаен знак, кој има по најмалку една ленти за сообраќај и по една лента за принудно застанување во двете насоки. Не треба да се вкрстува со други патишта или железнички пруги а пристапот до него од јавните патишта е преку посебно изградени приклучоци. Експресниот пат треба да биде заштитен за пристап од надвор. Rendering-highway trunk neutral.png
Приклучок кон експресен пат highway=trunk_link
lanes=x
oneway=yes
ref=Ax
int_ref=Exx
Rendering-highway trunk link.png
Магистрален пат highway=primary
lanes=x
ref=Ax
int_ref=Еxx
Магистрален пат е државен пат кој поврзува поважни региони во државата и со кој преку меѓународните гранични премини се обезбедува поврзување со патната мрежа на соседните држави Rendering-highway primary neutral.png
Регионален пат од прва категорија highway=secondary
lanes=x
ref=R1xxx
int_ref=Еxx
Регионален пат од прва категорија е државен пат од посебно значење за државата кој води кон граничен премин на соседна држава, поврзува најмалку два града во државата или е врска кон патиштата од А категорија. За да биде патот категоризиран во Регионален пат од прва категорија потребно е да исполнува параметри пропишани со Законот за категоризација на патиштата. Rendering-highway secondary neutral.png
Регионален пат од втора категорија highway=tertiary
lanes=x
ref=R2xxx
int_ref=Еxx
Регионален пат од втора категорија е државен пат од посебно значење за државата кој води кон граничен премин на соседна држава, поврзува најмалку две населени места во различни општини или пак е врска кон патиштата од А категорија. За да биде патот категоризиран во Регионален пат од втора категорија потребно е да исполнува параметри пропишани со Законот за категоризација на патиштата. Rendering-highway tertiary neutral.png
Регионален пат од посебни значење highway=tertiary
lanes=x
ref=R29xxx
int_ref=Еxx
Регионален пат од посебно значење се државни патишта кој само делумно ги задоволуваат критериумите за државен пат. Ова се општински патишта кои поради значењето за државата се категоризирани како државни патишта. Rendering-highway tertiary neutral.png
Општински пат highway=unclassified
lanes=x
ref=Lxxxx
Општински пат е пат кој го побрзува седиштето на општината со населените места, државните патишта или пак туристичките, спортско-рекреативните или културно-историски локалитети од локално значење за општината. Rendering-highway unclassified.png
Некатегоризирани патишта highway=unclassified
lanes=x
Сите останати патишта за моторен сообраќај кои поврзуваат населени места или се врска кон државните или општинските патишта, а не ги задоволуваат критериумите за државни и општински патишта. Rendering-highway unclassified.png
Сервисни патишта highway=service
lanes=x
Пристапни патишта, патишта во индустриски објекти, паркинг коридори, патеки, алеи , премини низ кои може да се одвива сообраќај со моторни возила Rendering-highway service.png
Земјоделски патишта highway=track Патишта за пристап до земјоделски површини или шумски патишта за превоз на дрва Rendering-highway track.png
Патеки highway=path Патека која нема некој посебни карактеристика и која ја користат и делат различни категории. Path osm.png
Патишта во изградба highway=construction Патот е е во изградба/реконструкција и движењето по него не е Дозволено. Highway construction 200805041655.png
  1. | , Службен Весник 84/2008, страна 61