Mk:Good practice

From OpenStreetMap Wiki
Jump to navigation Jump to search

an unequal sign

This article is a translated version of the original article, but the content appears to be out of sync with the reference text in English. Please update this translation if possible.Да го преведеме ова на македонски!

OpenStreetMap е слободен проект направен од страна на волонтери. Секој може да внесе се што сака. Тоа значи дека мапирањето ќе биде најдобро кога учесниците ќе се согласат на зеднички кодекс на однесување. Овие "Добри Практики" се водилки кои ќе го зголемат квалитетот и вредноста на нашата мапа на податоци без дополнителен напор. Никој не е присилен да ги почитува упатствата, ниту пак ОСМ ќе присилува било кој од маперите да направи било што. Може да има случаи каде овие упатства не се применуваат, или пак дури се и контрадикторни едни со други.

Поправање на грешки

Ако наидете на елементи со ознаки за кои мислете дека се неточни, поправете ги. Ова е wiki, вашите корекции секогаш може да се вратат назад , па затоа бидете храбри.

Мапирајте како што е на лице место

Понекогаш има конфликтни информации, како што е да речеме, името на некое место. На старите мапи има едно име, на новите друго, а името на местото е нешто сосема трето. Луѓето кои ги користат нашите мапи (за навигација) не водат сметка за имињата на местото и правописот на другите мапи, тие треба да го најдат името од некој локален знак или патоказ на мапата и обратно. Единствен исклучок на ова се очигледните правописни грешки, како што е да речеме John-F.-Kennwdy Square. Претпоставуваме дека луѓето интуитивно ќе го бараат правото име па поправањето на правописната грешка има смисла.

Проверливост

Погледни: Verifiability

Податоцоте во ОСМ, колку што е разумно можно, треба да бидат проверливи. Овој принцип се однесува на ознаките како и на другите аспекти на презентацијата на податоците, тоа во суштина значи дека ако некој друг мапер дојде на истото место ќе ги најде истите податоци (ќе ги верифицира податоците кои ги имате внесено).

Не мапирајте историски настани и историски ознаки

Ова е последица на условот за проверливост. Не мапирајте историските настани. Не мапирајте објекти кои веќе не се таму бидеејќи нивното постоење неможе да се провери. Историските настани се дискутираат тука. Ако од некој урнатини има остатоци (и на тој начин може да се проверат), тогаш внесете ја (како за пример користејќи historic=ruins). Се чини дека постои согласност дека напуштени и демонтирани железнички пруги може да биде одбележани ако се останати барем некој траги од нив (користејќи railway=abandoned). Напуштените и демонтирани железници беа дискутирани тука.

Немојте да ја мапирате локалната легислатива ако не е врзана за објекти во реалноста

Работи како што се локалните сообраќајни правила може да бидат мапирани преку објекти кои ги покажуваат тие правила, како на пример сообраќајните знаци. Други правила кои неможат да се видат на некој начин не би требало и да се мапираат, бидеејќи не се универзално проверливи.

Немојте да мапирате нешто само затоа што изгледа поубаво

Погледни: Tagging for the renderer

Внесувајте ги податоците како што се терен, на лице место без да водите грижа како ќе бидат исцртани на мапата. Тоа е нешто што постојано се подобрува, немојте да внесувате некој податок само затоа што така изгледа поубаво, бидете стрпливи.

Чувајте ја историјата на податоците

Кога мапирате објекти кои се менуваат во реалниот свет, потрудете се да ја зачувате нивната историја. Пример: Кога некој ресторант е затворен, немојте да го бришете целиот објект, избришете ја само ознаката дека е тоа ресторант затоа што објектот може да содржи или има други корисни информации во себе.
Кога ги поправате контурите на некоја зграда или нејзината намена поради подобри воздушни снимки немојте да ја бришете и да цртате нова, едитирајте го постоечкиот објект. Во JOSM постои алатка "replace geometry" во plugin utilsplugin2. Користејќи ја неа може да ги нацртате новите контури на објектот, а подоцна да ги споите со веќе постечкиот објект.

Една карактеристика, еден OSM елемент

Погледни: One feature, one OSM element

Немојте да сместувате точки и полигони со идентични ознаки само за да ви се појави икона на мапата. При исцртување на мапата иконата ќе се појави на полигонот и нема потреба секое паркиралиште, фудбалско игралиште итн. да се дуплицира во нашата база на податоци.

Цртајте ги правите патишта прави

Кога имате пат кој е прав цртајте го како таков. Тоа се прави со цртање на една линија со две точки на краевите без додатни точки помеѓу нив. Некој патишта се прави дури и кога GPS-трагата мисли дека е поинаку.

И двата едитори Potlatch и JOSM имаат алатки за порамнување на улиците помеѓу две раскрсници. Тоа ги прави нашите податоци порамни и прави да изгледаат подобро. Сепак ако повеќе траги за еден ист пат покажуваат дека тој има кривина, или тоа го гледате на воздушните снимки - тогаш внесете го тој облик во OSM.

Мапирајте ги кривините со соодветен број на точки

Бидете сигурни дека користите разумен број на точки или јазли кога внесувате некоја кривина. Нема стриктни правила колку точки се потребни за да се нацрта некоја кривина на патото - останува тоа да го сторите по ваша проценка - но сепак треба да има доволно точки така да аголот помеѓу два последователни дела на патото не биде премногу големe (на пр. не би требало да биде блиску до 90°). Тоа значи дека на по острите агли - ќе треба повеќе точки исцртани блиску една до друга за да се нацрта помазна кривина за разлика од по плитките кривини каде треба помал број на точки на поголемо растојание.

Средна вредност на GPS-трагите

Погледни: Accuracy#GPS

Точноста на точките во една GPS трага може да биде во опсег од неколку метри. Тоа зависи од многу фактори како што е позицијата на сателитот во моментот на снимање на трагата, покриеноста на патот со дрва, близината на околните згради, релативната позицијата на GPS уредот во однос на средината на патот итн. Ако постојат повеќе траги од ист пат тогаш ефектот на грешките кај било која единечна трага ќе имаат помали последици ако се внесе средната позиција или вредност на сите тие траги заедно.

За да помогнете во ова, корисно е да внесувате и ваши траги на нашиот сервер - иако тие се веќе добро покриени во нашата база. Со ова им овозможувате на останатите корисници да ја усреднат грешката што евентуално ќе резултира во помала грешка при позиционирањето. Ако имате повеќе траги од ист пат можете да се обидете со скриптата за "средна трага" за да направите трага со "средна вредност".

Подесете ги воздушните снимки пред да внесувате

Воздушните снимки, без разклика на изворот, имаат отстапувања од реалната позиција на земјата. Се додека ова е мало одстапување може да се игнорира, но тоа може да биде и значително поголемо отколку при типичните GPS грешки (>> 10 метри) и може да се менува на мал простор (поради што е потребно повторно да се врши порамнување). Задолжително да се провери порамнетоста пред да поместувате постоечки податоци во мапата или при додавање на нови.

Потенцијални начини како да се направи порамнување или да се провери истото е преку:

  • постоечките GPS траги или преку прецизни POI (Points of interest) податоци
  • постоечки OSM податоци

И двата едитори JOSM и Potlatch имаат алатки за порамнуваше на воздушните снимки.

Немојте да користите застарени снимки

Само зтоа што се достапни не значи дека воздушните снимки се нови и точни. Секогаш проверете пред да правите било каква измена или пред да бришете постоечки OSM податоци. Најдобро е да мапирате простори кои сте ги посетиле или провериле самите вие.

Бележете ги претпоставките со FIXME

Понегогаш има смисла да се внесуват проценети позиции одколку тие да не се внесат воопшто. Секогаш означете ги претпоставките со fixme=* така да некој друг некогаш ќе може повторно ќе се врати на истите и да ги корегира.

Немојте да бришете ознаки кои не ги разбирате

Понекогаш ќе поминете преку некој елементи со ознаки кои за вас немаат никаква смисла. Тоа автоматски не значи дека треба да ги избришете. Можеби тие се додадени за некоја специфична намена. Ако мислите дека можеби се ѓубре обидете се да го контактирате авторот.

Документирајте ги вашите сопствени ознаки

Погледни: New Features

Кога вие користите некоја ознака која не е дадена во опциите за мапирање, дајте им шанса на другите мапери да ја разберат (или можеби да ја усвојат истата) со документирање на новата ознака во wiki.

Погледни и